Вести
Облачно со сончеви периоди, попладне локална нестабилност
Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне ќе има повремен дожд, а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од седум до 15 степени, а дневната ќе достигне од 18 до 26 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје слично време со локален дожд и услови за ретки грмежи попладне. Температурата ќе се движи од 11 до 25 степени.



