Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Од 1 јануари поскапува билетот за јавниот градски превоз во Скопје

Актуелно

Од 1 јануари поскапува билетот за јавниот градски превоз во Скопје

Град Скопје и јавното сообраќајно претпријатие ги изготвија новите цени за електронскиот систем за наплата, кој треба да почне да се применува од 1 јануари следната година.

Според договореното, цената на еден билет ќе чини 35 денари, како досега, но доколку е купен кај возачот ќе изнесува 60 денари. Овие цени ќе бидат универзални, за државните и приватните автобуси.

Новитет е и што се воведуваат временски билети – за 90 минути, за еден ден, за седум дена, а поевтинуваат месечните билети за сума од меѓу 40 до 80 денари.

Патниците ќе може да ги купуваат билетите и со мобилен телефон. Билетот за едно возење платен со телефон ќе чини 40 денари, а патникот мора да изврши валидација со електронската картичка.

Наместо да се намали цената на билетите, со воведувањето на електронските картички ќе поскапи јавниот превоз во главниот град. Од ЈСП во наредниот период ќе го стимулираат користењето на месечните и на годишните билети кај граѓаните, кои имаат пониски цени од постоечките. Месечен билет во првата зона ќе ја има цената од 1.400 денари, додека за двете зони тој ќе чини 1.600 денари. Годишниот колективен билет за вработени од 1 јануари ќе може да се купи за 15.400 денари. Со воведувањето на електронскиот систем, на граѓаните им се овозможува да користат нови опции за плаќање на услугите.

Како билети за повеќе возења, на скопјани им се нудат дневните и седумдневните билети. Дневен билет за повеќе возења во градска зона ќе чини 120 денари, додека користењето на приградските автобуси во текот на цел ден ќе се плаќа 150 денари, пренесува Билд.мк.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.