Вести
Одѕивот на референдумот до 18.30 часот изнесува 34.09 отсто
Според официјалните информации на ДИК до 18:30 часот на гласање изнесува 34,09 отсто. Ова се информации од обработени податоци од 84,83 општински изборни комисии, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.
Генералната оценка на ДИК е дека референдумскиот ден поминал мирно и добро и дека после овој ден сликата за Македонија ќе биде добра.
– Денот помина добро, атмосферата тука и во целата држва беше многу добра со исклучок на одредени инциденти кои се појавија во попладневните часови. Но по брзата реакција и на општинските изборни комиси и на избирачките одбори и на другите органи кои се задолжени да го спроведуваат редот во државата одредени инциденти беа санкционирани, рече Деркоски.


