Актуелно
Од јуни преку Македонија минале 51.300 бегалци, најбројни Сиријцитe
Уште на 1.032 странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, со што вкупната бројка на бегалци што од јуни годинава минале низ државата се зголеми на 51.300. Најбројни се државјаните на Сирија.
МВР денеска соопшти дека во периодот од 8:00 часот завчера до вчера во 8:00 часот, се издадени потврди на вкупно 1.032 странски државјани, од кои 716 се од машки пол, 125 се од женски, 171 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 20 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-708, Авганистан – 183, Ирак–68, Пакистан – 58, Бангладеж – седум, додека другите се во помал број.


