Актуелно
Одново воведена вонредна состојба во Истанбул
Турските власти доцна синоќа одново воведоа вонредна состојба во Истанбул, при што низ улиците на градот беа распоредени дополнителни 1.800 полицајци од околните окрузи, јави агенцијата Анадолија.
Според истиот извор, во текот на ноќта низ градот било видливо засилено присуство на полициски патроли, а полцијата добила и наредба да го урне секој хеликоптер кој ќе се крене во воздух без одобрение.
Поводот за ваквата одлука на турските власти засега не е познат.



