Актуелно
Wizz Air со нова линија Скопје – Хановер
Од 1 ноември, Wizz Air, најголемата ниско-буџетна компанија во Централна и Источна Европа, ќе ја воведе нова линија Скопје – Хановер, со два лета неделно, вторник и сабота.
Картите се веќе во продажба на wizzair.com, по цена од 1,199 денари.
Со ова, Wizz Air сега нуди вкупно 25 рути во 11 држави од двата македонски аеродрома: Скопје и Охрид.



