Актуелно
Охридско-струшката ривиера исполнета, се бара место повеќе
Сместувачките капацитети на охридско-струшката ривиера се исполнети целосно, се бара место повеќе за овој претпразничен викенд. Најбројни се гостите од Холаднија, но се поприсутни се и од Израел, Белгија, Турција, соседните земји, а се зголемува и бројот на домашни туристи, оцени претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески.
– Хотелските капацитети последниве 10-тина дена почнаа да се исполнуваат над 90 проценти. За празничниот викенд скоро и да нема соби дури и во приватното сместување речиси се е исполнето. Тоа го очекувавме и работиме сите да имаме целосна исполнетост и добра сезона. Добро е што се враќаат странските гости и тоа е добар знак за следната година. Ако немаме некои немири и несакани работи на Балканот би имале уште подобра туристичка сезона, изјави Блажески.
Најголемо зголемување нагласи дека имало кај домашните гости, но и кај оние од соседна Албанија, а мало зголемување има и кај гостите од Србија.



