Хуманост
Волонтерите на Црвен крст – Центар изградија пристапна рампа за учениците со посебни потреби
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар успешно реализираше една поинаква активност во месец декември. Општинската организација Центар во соработка со ООУ „Димитар Миладинов“ спроведе активност за изградба на пристапна рампа во ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“.
Во Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ учат ученици кои се со посебни образовни потреби. Учениците од ова училиште се лица со различен инвалидитет, меѓу кои и лица во инвалидски колички. Досега ова училиште не располагаше со соодветна пристапна рампа која е неопходна, поради фактот што некои од учениците се во инвалидска количка. Поради тоа, се почувствува потреба да се изгради пристапна рампа на влезот на училиштето што ќе им овозможи на учениците подобар и полесен пристап до училиштето.






