Актуелно
Осум лица повредени во 11 сообраќајки во Скопје во текот на изминатиот ден
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.
Од нив, четири се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле седум лица, од кои еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник, четворица пешаци и еден патник во автобус.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда. Сообраќајка се случила околу 20 часот на ул. „Ѓорче Петров“ во која учествувало патничко моторно возило „рено меган“ со скопски регистарски таблички. Возачот изгубил контрола над возилото, излегол надвор од коловозот и удрил во тројца пешаци кои се движеле по пешачка патека. Тие со возила на Брза помош биле пренесени во Ургентниот центар поради укажување на лекарска помош при што кај еден пешак се констатирани тешки телесни повреди, а кај останатите двајца констатирани се телесни повреди.



