Актуелно
Жито Лукс донира брашно цела година во Интернатот за деца од социјално загрозени семејства „Гоце Делчев“
Во рамки на кампањата „Храна подарена од срце“, компанијата Жито Лукс во текот на целата година е донатор во неколку институции за згрижување на социјално ранливите категории.
Кампањата „Храна подарена од срце“ е одговор на потребата од донации на основниот прехранбен продукт за социјалните институции и установи. Интернатот за деца од социјално загрозени семејства „Гоце Делчев“ во село Љубанци е една од Институциите кои се дел од оваа кампања.
– „Љубовта, вниманието и почитта се главни нешта кои секојдневно им ги подаруваме на нашите деца. На овој начин, покрај грижата која им ја пружаме, истовремено и претсавуваме пример за нив и за тоа како тие треба да се однесуваат кон своите блиски. Интернатот за згрижување на деца од социјално загрозени семесјтва е токму институција која им ги пружа овие нешта на децата сместени таму. Но тие имаат недостаток од други, материјални средства, и токму затоа сме тука ние како граѓани, родители но и како компании, кои со мала заложба може да пронајдеме различни начини да им помогнемe на лицата во неволја, како и на институцииите кои неуморно работат на згрижување на социјално загрозените граѓани“, изјави Лидија Трајковска Ристовска, Маркетинг Менаџер во Жито Лукс АД Скопје.



