Вести
ОСВЕЖУВАЊЕ ПРЕД НАТПРЕВАРОТ: УХМР предвидува краткотраен дожд за вечерва
Краткотраен дожд со грмежи, особено во јужните делови од земјата се очекува денес и утре во попладневните часови, најави УХМР.
До петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Македонија ќе биде во портокалова фаза во однос на опасноста од високи температури.
Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе биде висока.



