Вести
Откажани лекови, магла на повеќе патни правци
Поради густата магла утринава на скопскиот аеродром се откажани дел од планираните полетувања, а не е реализирано ниту едно слетување.
Магла има и на неколку патни правци во државата поради што е намалена видливоста од 50 до 100 метри.
Според веб страницата на аеродромот „Александар Велики“ откажани се полетувањата за Виена, Загреб и Истанбул, а со задоцнувања се реализирани полетувањата за Дортмунд и Брисел. Засега нема слетувања, односно откажано е слетувањето на утринскиот лет од Истанбул, а авионите на Аустрија ерлајнс и Луфтханза од Виена се вратени назад.



