Вести
Партиите согласни за локални избори во октомври
Парламентарните партии кои денеска беа на координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери се договориле дека исклучителен приоритет за Република Македонија е постигнување договор за донесување Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој одржувањето на локалните избори ќе биде предвидено за првата половина во октомври, а мандатот на сегашните градоначалници и советници ќе биде продолжен до изборот на новите членови на советите и градоначалниците, соопшти кабинетот на Џафери.
На координацијата присуствуваа претставници на СДСМ и коалицијата, ДУИ, БЕСА, Алијанса за Албанците и ДПА, а ВМРО-ДПМНЕ како што и претходно најави немаше претставник на состанокот.
ВМРО-ДПМНЕ, како што рече на денешната прес-конференција Драган Данев, е на ставот дека почетокот на јули е најповолниот датум за одржување на локалните избори. Од партијата сметаат дека најдобро за државата и за граѓаните ќе биде заедно со локалните да се одржат и нови парламентарни избори.



