Вести
ПЕКОЛНО ТОПОЛ ДЕН: Денеска температурата ќе се искачи до 40-тиот степен
Македонија од денеска до сабота ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза. Температурата на одредени места се очекува да го надмине 40-тиот степен.
Според Управата за хидрометеролошки работи, денеска ќе биде сончево и многу топло. Во источните делови ќе има мала до умерена облачност и услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен југозападен ветер, кој повремено ќе засилува, особено на запад.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.



