Актуелно
Пет куќи изгореа во пожарот во Струга
Пет куќи изгореа во пожар што денеска напладне избувна во центарот на Струга позади хотел „Београд“. Пожарот е локализиран, но се уште екипи се на теренот, а местото е обезбедено.
Во гаснењето учествуваше цела екипа на Територијалната пожарна единица во Струга екипи од Охрид, Јавното комунално претпријатие „Проаква“ од Струга и граѓани.
Гаснењето на пожарот одеше отежнато поради тесните улички, избиената архитектура.



