Актуелно
Екстерното ќе почнува од 6 одделение и нема да влијае на просекот
Екстерното тестирање да започнува од 6 одделение, добиените оценки да не стојат во сведителството на ученикот и набљудувачите да се избираат на јавен конкурс, предвидуваат новите законски измени за основно и средно образование што денеска беа усвоени од страна на Собранието на Република Македонија.
Оценките од екстерното тестирање нема да стојат во сведителството, туку во посебен додаток со сведителството, а Државниот испитен центар со објавувањето на прашањата ќе објавува и пробни тестови за вежбање за учениците од шесто одделение до четврта година средно образование. Набљудувачите на екстерното тестирање ќе се избираат на јавен конкурс и ќе добиваат паричен надоместок утврден од Државниот испитен центар.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека измените се исти со барањата на учениците и студентите и оти со нив ќе се подобри квалитетот во основното и во средното образование.



