Вести
ПЛОШТАДИТЕ СЕ ПОЛНАТ: Новогодишна еуфорија пред најлудата ноќ во годината
Сѐ е подготвено за дочекот на новата 2018 година на плоштадот „Јадран“ во Скопје, Битола, Охрид но и низ целата република.
Низ кафулињата во текот на целиот ден се слуша музика, а граѓаните ги користат последните моменти од 2017 за да се подготват за дочекот на најлудата ноќ во годината.
Во главниот град новогодишната програма ќе почне во 21 часот, а граѓаните ќе ги забавуваат Некст Тајм, Ај Кју, Тамара и Кристина Арнаудова.



