Актуелно
Почнува прославата „Денови на св. Мајка Тереза“ во Скопје
Татковинска прослава „Денови на св. Мајка Тереза“ од денеска до 11 септември ќе се одржува во Скопје по повод канонизацијата на Мајка Тереза.
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски најави дека Град Скопје со еден милион денари ќе ја помогне прославата.
Католичката црква во Скопје денеска ќе одржи миса во капелата на Мајка Тереза во Спомен куќата во знак на една благодарност, додека утре организира целодневно обожување.



