Актуелно
Канонизација на скопјанката Мајка Тереза во Ватикан
Македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов, денеска ќе присуствува на церемонијата на канонизација на Блажена Мајка Тереза во Ватикан.
Во состав на македонската делегација, покрај претседателот Иванов, се и премиерот Емил Димитриев, министрите за надворешни работи и за култура, Никола Попоски и Елизабета Канческа Милевска, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, претставници на Католичката црква во Република Македонија и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и претставник на фамилијата на Мајка Тереза.
Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск на церемонијата, која ќе се одржи на плоштадот „Св. Петар“, ќе ја прогласи Мајка Тереза за Светица.


![_91019999_035090858-1[1]](http://www.popularno.mk/wp-content/uploads/2016/09/91019999_035090858-11.jpg)

