Актуелно
Полицијата и АРМ долж границата, се пропуштаат ограничен број мигранти
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека согласно владината одлука за прогласување кризна состојба долж пограничните региони, распоредени се полициски службеници на граничната линија кон соседна Грција, а во текот на денот се очекува на нив да им се приклучи и Армијата на Република Македонија.
Оттаму истакнуваат дека полицијата постапува согласно наредбите и овластувањата за заштита на државната граница.
– Се дозволува влез на лимитиран број на илегални мигранти од поранливите категории кои може да бидат згрижени и соодветно третирани согласно капацитетите на државата, се наведува во соопштението од МВР.



