Вести
Полицијата откри 38 мигранти од Ирак, Мали, Нигерија, Того и Сирија
Министерството за внатрешни работи, минатава недела реализирало шест одвоени случаи на крумчарење мигранти во коишто против седум лица, меѓу кои и по еден романски, грчки и албански државјанин поднесе кривични пријави за “криумчарење мигранти“.
Откриени се 38 илегални мигранти на возраст од две до 66 години повеќето од Сирија (27) како и седумина илегални мигранти од Ирак, двајца од Мали и по еден од Нигерија и од Того. Тие се сместени во Прифатниот центар во Скопје, а од страна на Судија на претходна постапка на петмина од пријавените им одреди мерки притвор – за четворица во траење од по 30 дена а за еден во траење од осум дена.
Во првиот случај на автопатот Гевгелија – Скопје, сопрено е возило со скопски регистарски таблички “Шевролет круз“ сопственот на рент а кар компанија, а управувано од романскиот државјанин М.А.Г.(36) во кое се откриени и четворица илегални мигранти од Сирија, кои илегално од Грција влегле во Македонија во близина на ГП „Богородица“ со намера да стигнат до Србија.


