Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Поради обилни врнежи непроодни за товарни возила планинскиот превој Стража и патниот правец Маврово-Дебар

Вести

Поради обилни врнежи непроодни за товарни возила планинскиот превој Стража и патниот правец Маврово-Дебар

На планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово-Дебар од вечерва е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила поради обилни врнежи од снег, соопшти ЈП Македонија пат.

Укината е забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека.

Сообраќајот на останатите патишта низ Македонија се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП Македонија пат информира дека дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, а до возачите апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  кон условите на патот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.