Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ПОРАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Денеска до 7 степени!

Вести

ПОРАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Денеска до 7 степени!

Времето утрово е облачно со појава на магла по одделни котлини. Најниската температура е измерена во Маврово од -9, а дневната ќе се движи од 1 до 7 степени. Преку ден ќе има повеќе сончеви периоди на североисток, а кон крајот на денот во југозападните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Во Скопје наутро магливо. Преку денот променливо облачно со почести сончеви периоди попладне. Температурата ќе достигне до 4° С.

До четврток ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, почести на истокот од земјава. По котлините ќе има појава на магла.

Од петок ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег, претежно во западните делови. Температурата ќе има тенденција на пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.