Актуелно
Последниот од серијата земјотреси регистриран околу 21 часот
Последниот од серијата земјотреси што се случија во скопскиот регион е регистриран синоќа во 20 часот и 57 минути со магнитуда од 2,1 степен по Рихтер, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Најсилниот земјотрес беше почувствуван вчера во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје.
По овој земјотрес, до околу 18 часот регистрирани беа околу 10 послаби земјотреси, од коишто со мали интензитети се осетени четири. Серијата земјотреси почнаа уште од утринава кога беа регистрирани два потреси од страна на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија со јачина од 3,9, односно од 2,8 степени по Рихтер.



