Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пожари во Студеничани, Кондово и Македонски Брод

Актуелно

Пожари во Студеничани, Кондово и Македонски Брод

Повторно е активиран пожарот кај Студеничани крај Скопје, а нови пожари поладнево се појавија и во Кондово и на четири места во општина Македонски Брод, соопшти  Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Сува трева и мешана шума гори кај селата Осинчани, Цветово-Малчиште и патот кој води кон Елово во општина Студеничани. Ангажирани  се двата противпожарни авиони, тројца пожарникари на ТППЕ, како и 20 лица од Шумското стопанство (ШС).

Пожар има и во атарот на село Крапа во општина Македонски Брод. Во негово гасење ангажирани се двајца вработени од Дирекција за заштита и спасување,  тројца пожарникари од ТППЕ, девет лица од ШС и шест лица од месното население.

Гори и кај местото Царовец и за негово гасење ангажирани се 20 лица од ШС.  Појавени се пожари и кај село Слатина и помеѓу селата Вир и Локвица

Во 14:50 часот избувна пожар и во Кондово над медресата. Опожарена е борова шума, а противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување се ангажирани за негово гасење.

ДЗС информира дека другите пожари кои се појавија во изминатото денониќие се изгаснати.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.