Актуелно
ПРЕКИН НА НАСТАВАТА: Тетовските училишта и градинки се затвораат поради загадувањето
Поради високите концентрации на штетните ПМ 10 честички во воздухот, што неколкупати го надминуваат дозволеното ниво подолго време, Општина Тетово во соработка со Министерството за образование и наука денеска донесе одлука за прекин на наставата до крајот на првото полугодие во сите основни и средни училишта и во градинките во Тетово.
Ова го изјави градоначалничката на Тетово Теута Арифи денеска на прес-конференција по средбата со директорите на сите образовни институции во градот.
– Свесни за сериозноста на состојбите, како и негативните импликации за загадувањето на воздухот по здравјето на учениците, оваа мерка влегува од сила од денес, а ќе трае до завршување на првото полугодие од учебната година, изјави Арифи.



