Актуелно
Во 11 сообраќајки вчера во Скопје, 10 повредени, пајакот дигнал 81 возило
На подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција вчера е извршен увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди, од кои четири се со последица материјална штета, а шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници и двајца патници во автобус.
Се случила и една сообраќајка во 16 часот и 15 минути на ул. „Македонија“ во која учествувале патничко моторно возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот.
Од страна на сообраќајната полиција вчера откриени и санкционирани се 58 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, осум возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, односно не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, како и 26 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор. Санкционирани се и 11 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.



