Вести
Пренасочен сообраќај по повод „Задушница“
Сообраќајната полиција, по повод верскиот празник „Задушница“, утре, како и за време на викендот ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во периодот од 6:00 до 16:00 на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров.
Како што информира МВР, на гробиштта Бутел сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски” во продолжение по локалниот пат за село Мирковци до влезот за гробиштата на улица „Боца Иванова” и излегување на улица „Александар Урдаревски”.
– По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по улица „Црногорска“, а на гробишта „Камник“ по улица „Јужноморавски Бригади“ и улица „Роман Каскалиевиќ“, соопшти МВР.



