Вести
Пресуда за „Тенк“- Ѓоко Поповски осуден на 6,6 години, Груевски доби две години затвор
Поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски денеска во Кривичниот суд Скопје беше осуден на шест години и шест месеци затвор во предметот на СЈО „Тенк“.
Второобвинетиот, поранешен премиер Никола Груевски како поттикнувач за сторување на делото е осуден на две години затвор. Поповски е осуден за злоупотребата на службената положба, додека Груевски за стекнување лична корист и потикнување за извршување кривично дело.
Судијката Добрила Кацарска при изрекување на пресудата кажа дека двајцата осудени треба во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата да ја надоместат штетата настаната во овој случај.



