Актуелно
Приведен тетовец за фотографирање избирачко ливче
М.А. (32) од Тетово бил приведен од полицијата на барање на Избирачкиот одбор од избирачко место во основното училиште „Наим Фрашери“ во Тетово откако се обидел со мобилен телефон да го фотографира гласачкото ливче, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според него, инцидентот се случил денеска во 11 часот и 20 минути.
– По приведувањето, кусото задржување и раговорот во полицијата, на тетовецот со потврда му бил одземен мобилниот телефон за натамошно вештачење, а тој ќе се соочи со прекршочна пријава согласно Изборниот законик за незаконско користење на мобилен телефон или апарат на избирачко место за што е предвидена глоба од 300 до 1.000 евра во денарска противредност, рече Јосифовски.



