Вести
Приведени уште три лица за нередите во Собранието
Уште три лица се приведени синоќа во рамки на мерките за целосно расчистување на нередите што се случија минатиот четврток во Собранието, соопшти МВР.
Станува збор за В.Н. (45), Д.П. (33) и В.Ц. (33), сите од Скопје, кои се сомничат за извршени кривични дела „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ и „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.
На В.Н. веќе му е изречена мерка притвор во траење од осум дена.



