Вести
Нухиу побарал разрешување на Чавков
Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска соопшти дека поднел барање до Владата за разрешување на Митко Чавков од функцијата директор на Бирото за јавна безбедност.
Како што соопшти Нухиу на прес-конференција, за координатор на Оперативниот штаб со наредба е назначен Горанчо Савевски, државен советник во Бирото за јавна безбедност.
Нухиу информира и дека МВР формира работна група составена од професионалци која има задача да утврди дали Оперативниот штаб и организициските единици во Министерството во четвртокот во Собранието постапувале согласно утврдените процедури, дали се направени пропусти, евентуални пречекорувања или неизвршување на работните задачи.



