Актуелно
Продолжува приливот на мигранти, од вчера контрола и од грчка страна
Проценката на УНХЦР дека дневно низ Македонија ќе транзитираат по 3.000 мигранти, вчера се покажа како точна. Според нивната евиденција приближно толкав број мигранти вчера заминале од прифатниот камп во Гевгелија кон Табановце со организиран железнички, автобуски и такси превоз.
Според УНХЦР, транспортот на мигрантите се одвива без проблем, соработката со останатите ангажирани во справувањето со бегалската криза е на потребното ниво, односот на полицијата е коректен, но стои уверувањето дека ЕУ мора да помогне во ублажување на бегалската криза.
