Актуелно
Продолжува топлото време, од недела заладување
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната највисока температура на воздухот во интервал од 30 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.



