Вести
Променливо облачно и студено
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието и на исток.
Температурата ќе се движи од нула до осум степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.



