Вести
Променливо облачно и ветровито со сончеви периоди
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе се засилува долж Повардарието. Попладне локално ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи, особено во југозападните делови.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 18 степени, а дневната од 24 до 32 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 29 степени.



