Вести
Променливо време со повремен дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет најпрвин во западните делови.
Локално ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Дневните температури од 10 до 20 степени целзиусови.



