Актуелно
Пронајдено мртво машко тело во Радовиш
Во куќа во Радовиш вчера доцна попладнето пронајдено е мртвото тело на Ј.Р. (26) од Радовиш.
Портпаролот на СВР Струмица Хризантема Рендевска вели дека мртвото тело на Ј.Р. го пронашол сопствениот на куќата каде што 26-годишниот маж бил потстанар.
Екипи на СВР Струмица синоќа до доцна вечерта вршела увид на местото на несреќата и засега не може да се каже дали станува збор за насилна или за природна смрт.



