Актуелно
Финализиран Договорот од Пржино
Лидерската средба помеѓу ВМРО -ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ И ДПА, која почна вчера попладне за Договорот од Пржино заврши со успех. Избори ќе има на 24 април, усогласен е Законот за Влада, изборниот закон, законот за „свиркачите“, закон за заштита на приватноста, а договорени се и новите министри и заменици од редовите на опозицијата.
По средбата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски изрази задоволство од договореното и рече дека нивна стратешка цел била избори да има на 24 април.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата рече дека е постигнат договор кој денеска треба да биде формално правно легализиран во закон во влада во кој се дефинираат надлежностите на замениците.



