Вести
Протест за декриминализација и легализација на канабисот
Пред Основниот суд денеска се одржа протест каде што членови на здруженија за легализација и декриминализација на канабисот во рекреативни цели, го поддржаа Филип Достовски, активист и претседател на здружението за легализација на канабис „Зелена алтернатива“, пред неговото судско рочиште.
Достовски е обвинет за одгледување и продажба на канабис. Неговиот адвокат Сашо Дуковски на првото судско рочиште рече дека Филип не бил дилер, а марихуаната која била пронајдена кај него ја користел за да ја лечи болеста.
Одбраната побарала вештачење од Фармацевтскиот факултет за да се утврди дека маслото кое го изработувал Филип не содржело опојна дрога, како што е наведено во обвинението.



