Вести
Протест за името на плоштадот Македонија
Мирен протест за одбрана на името се одржа денеска на плоштадот Македонија, во организација на глобалното движење „Ние сме Македонија“. Говорниците пред присутните порачаа дека прашањата за името, за идентитетот, за Уставот, за јазикот, се прашања за кои мора да се има став оти тие создаваат немир.
– Бараме да ги прекинете преговорите со посредство на Метју Нимиц и да се обратите до Генералното собрание на ОН, како единствена меѓународна истанца во која Република Македонија е рамноправна членка со сите држави кои ја признаваат под уставното име. Да се стави крај на употребата на референцата и да се донесе резолуција на Генералното собрание на ОН со која на Република Македонија би и се гарантирал непречен прием во меѓународни организации под уставното име, рече актерката Камка Тоциновски, која е поддржувач на движењето.
Учесниците на протестот повикаа на сплотување на нацијата и на создавање вистински национален консензус околу внатрешните приоритети и демократски вредности.


