Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Протестите се преселија пред Владата

Актуелно

Протестите се преселија пред Владата

Демонстрантите организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“ се упатија пред Владата на Република Македонија. По обидот протестот од пред Собранието на Република Македонија да го префрлат пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ што беше спречен од кордон од полиција дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата.

Како што информираат од хируршката килиника „Свети Наум Охридски“, кај нив се примени двајца повредени полицајци. Едниот од нив е со контузија на рамо, а другиот со повреда на рачниот зглоб. Пружена им е медицинска помош по што се пуштени на домашно лекување. Од болницата информираат дека кај нив не се донесени повредени демонстранти.

Полицијата со солзавец и шок бомби успеа да ги растера демонстрантите. Пред Владата има силно полициско присуство и во моментов е мирно.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.