Актуелно
Заврши протестот пред Владата: Повредени четворица полицајци, приведен демонстрант
Заврши протестот пред Владата на Република Македонија, организиран од граѓанската иницијатива „Протестирам“ и на просторот пред Владата веќе нема ни демонстранти, ниту, пак, полицајци.
Денешните протести почнаа околу 19 часот пред Собранието од каде се направи обид демонстрантите да се префрлат пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, што беше спречено од кордон на полицијата.
Потоа дел од демонстрантите се упатија кон полициската станица „Центар“ каде беа 13-те приведени лица што учествуваа во вчерашните насилни протести. При тоа дојде до судир со полицијата која со солзавец и шок бомби успеа да ги растера демонстрантите.


