Актуелно
Прскање на улиците во Аеродром за намалување на загадувањето
Градот Скопје денеска, на крстосницата на булеварот Србија со булеварот Трета македонска бригада, ќе го почне третирањето на градските улици во Аеродром со калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.
Увид во процесот ќе извршат градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски.
Како што информира Градот Скопје, со третирањето ќе бидат опфатени булеварот Трета македонска бригада (од крстосницата со улицата Коста Новаковиќ до раскрсницата со булеварот Србија) и булеварот Србија (од крстосницата со булеварот 12. Македонска бригада до крстосницата со булеварите Видое Смилевски Бато и Јане Сандански).



