Актуелно
Сончево со температура до 24 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Изутрина по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.
Преку денот ќе има и мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 14 до 24 степени.
Во Скопје слично време и температура од четири до 20 степени.



