Вести
Референдумот низ призмата на светските агенции
Светските агенции во своите утрински извештаи му даваат забележлив простор на вчерашниот референдум во Македонија, оценувајќи дека Договорот од Преспа е се уште актуелен, и покрај ниската излезеност, што е своевиден политички удар за македонскиот премиер Зоран Заев.
Германската државна агенција ДПА објавува дека Договорот од Преспа е се уште актуелен и покрај неуспехот од референдумот. Некои го нарекоа нискиот одѕив политички удар за Заев, кој вложи многу политичка тежина на референдумот. Но, Заев рече дека не оди никаде.
– Немам намера да поднесам оставка. Моја должност е да останам, рече тој, одговарајќи на прашањето дали планира да се повлече, наведува агенцијата.



