
Вести
Roof Bar 55 на „Хилтон“ – гастрономско уживање со софистициран панорамски поглед
Ексклузивниот Roof Bar 55 сместен на покривот од хотелот “DoubleTree by Hilton Skopje” ги отвори вратите за посетителите. Извонредниот панорамски поглед на Скопје и интернационалната гастрономска понуда на барот, го сочинуваат овој уникатен пакет на софистицираност и врвно задоволство.
“DoubleTree by Hilton Skopje”, најновиот во синџирот луксузни хотели на реномираниот бренд, официјално почна со работа на 1 јануари годинава и веќе стана дел од мапата на патувања за многу гости. Она што е особен белег на хотелите кои се дел од брендот „DoubleTree by Hilton Skopje“ е тоа што секој гостин се пречекува со традиционално колаче за добредојде, кое е домашно направено и свежо испечено, со цел уште при самото доаѓање гостите да го почуствуваат врвното гостопримство кое е главна одлика на хотелите од овој синџир.
Освен престижниот Roof Bar 55, дел од понудата на „Хилтон“ во Скопје се и ресторанот „Монте“ кој нуди интернационална кујна од 5 континенти, како и елегантен лоби бар во чиј склоп функционира и слаткарница во која може да се вкусат најразлични слатки специјалитети од целиот свет. Реномираниот хотел располага со 170 соби, меѓу кои има 15 луксузни апартмани, од кои еден е претседателски и се простира на 200 метри квадратни. На гостите и на посетителите на располагање им се луксузен спа и фитнес центар на површина од 1.400 метри квадратни во чиј склоп се наоѓаат затворен базен, традиционална турска бања, сауна, џакузи, како и најмодерна Life Fitness опрема за вежбање прилагодена на најновите трендови во светот на фитнесот.


