Вести
Санкционирани редарите кои ја малтретираа жената кај Буњаковец
Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ на јавноста и се извини за нехуканото и грубо однесување на редарите од Секторот за инспекциски работи во општината.
-Од мое име; и од име на општина Центар, се извинувам за грубото и нехумано однесување на двајцата комунални редари вработени во Секторот за инспекциски работи во општината. Нивното однесување денеска со право ја вознемири и револтираше јавноста.
Веќе наредив да се преземат сите неопходни мерки за утврдување на вината и санкционирање на двајцата вработени во најбрз можен рок.



