Актуелно
СДСМ ја објави 10-та бомба: Груевски купил парцели на Водно вредни повеќе милиони евра
Лидерот на СДСМ презентираше аудио-снимки, кои како што вели, сведочат за нечесноста и мегаломанските апетити на премиерот, кој наложувал промена на ДУП заради купување свои имоти, пренесува Дојчевеле.
Денеска ќе сфатите зошто Груевски на претходните снимки велеше дека им треба време да дозавршат некои работи во општина Центар.Ќе го видите Груевски во светло во кое е користољубив, нечесен.Ќе видите во што се вовлекувал лично тој кога биле во прашање неговите сопствени интереси. Денеска ќе стане јасно зошто трескавично се менуваа ДУП-овите на Центар, рече Заев.