Актуелно
Три нови случаи на туларемија, за тројца се чека потврда
Три нови случаи на туларемија официјално се пријавени во Институтот за јавно здравје на Република Македонија. Тим епидемиолози се на терен во светиниколскиот регион и село Каратманово, бидејќи најголем број од случаите се од таму. Има случаи и од Скопје. Сите пациенти се во стабилна здравствена состојба.
Ова денеска го изјави Јованка Костовска од Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство. Посочи дека за три случаи се чека официјална потврда од Институтот за јавно здравје.
– Основниот совет е доколку во близина забележат глувци, веднаш да се изврши дератизација. Да не ги допираат, веднаш да се изврши нивно уништување, и се разбира да побараат помош од Центарот за јавно здравје, рече Костовска.


